Мрежата на Миграциските Сервисни Центри обезбедува информации, совети и упатување на мигрантите и потенцијалните мигранти во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, поранешна Југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија.
Можете да се инфомирате за можности за работа и студирање во странство како и за процедурите за стекнување на виза, работа или пак дозволи за престој, достапност до здравствениот систем и образование во странство и други корисни информации кога размислувате да се преселите во странство. Информацијата е обезбедена во форма на Насоки за земјите на дестинација, кои може да ги симнете од нашиот website или пак да го добиете директно од страна на нашите асистенти задолжени за давање на информации во Центрите.
Доколку размислувате да се вратите од странство во една од земјите кои беа погоре споменати или пак едноставно сакате да се информирате за вашите можности, нашите асистенти задолжени за давање на инфомации можат да ве запознаат со локалните услуги, како што се дополнителни обуки, курсеви за јазик или компјутери, помош при отворање на мали бизниси и помош при реинтеграција адаптирана на вашите индивидуални потреби.
Миграциските Сервисни Центри исто така организираат обуки и советувања за одредени теми на интерес – за повеќе информации проверете на делот - Тренинг Можности на нашиот website. За контакт деталите на секој центар кликнете овде.
Миграциските Сервисни Центри се дел од проектот раководен од страна на Меѓународната Организација за Миграции (ИОМ) во партнерство со Меѓународната Организација на Трудот и финансиран од страна на Европската Унија, Шведската Федерална Канцеларија за Миграција и Германската Федерална Канцеларија за Миграција и Бегалци.
Со цел да се обезбеди директна асистенција на мигрантите и потенцијалните мигранти, проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на локалните власти да развијат политика на трудова миграција и добра практика како земји кои испракаат но и примаат мигранти.
Понатаму, ќе се изготват истражувања за легално мигрирање од земјите на Западен Балкан, со што ќе се обезбедат анализи за миграцискиот потенцијал од регионот и за моменталните миграциски трендови.
Резултатите и ефектите од проектот имаат за цел да поттикнат препораки за политика и да ги потенцираат предизвиците кои се наоѓаат пред валдите и мигрантите во оптимизирањето на легалните канали за мигрирање но и да се потенцираат ризиците од нелегалните движења.
За целосен опис на проектот симнете го Информации за Проектот и проверете го делот за Партнери и Соработници.